Запознајте ги понежните половини на македонските ракометари

ИЗВОРновлист
|

Европското ракометно првенство е во тек, па македонските ракометари повторно се главна тема во медиумите. Тие се македонските херои, кои со лавовско срце и труд од петни жили, се борат на терените.

Кога е спортот во прашање тие се даваат со цело свое срце, но така е и кога е приватниот живот во прашање. Македонските ракометари се посветени партнери, сопрузи и татковци. Нивните девојки и сопруги се нивната најголема поддршка, без разлика дали станува збор за триумф или пораз.

Нашиот капитен и еден од најуспешните ракометари на сите времиња, Кире Лазаров веќе 14 години е во хармоничен брак со својата сограѓанка Љубица со која има две деца, синот Благојче и ќерката Лана.

Министерот за одбрана, како што го нарекуваат македонските навивачи, пред една година правеше свадба во Скопје. Борко Ристовски и неговата избраничка Николина која по потекло е од Куманово, склучија брак во 2018. Тие имаат син по име Душан.

Филип Кузмановски се ожени во октомври минатата година со својата долгогодишна девојка Моника Игнова. Свадбата беше во Битола, а меѓу гостите беше и ракометарот Дејан Манасков, кој е братучед на Моника.

Во јуни минатата година се ожени и 23-годишниот Филип Талески. Младиот репрезентативец стапи во брак со Ена Секуловска, битолчанка која живее во Германија и со која се венча една година претходно во родното Крушево. Филип и Ена се родители на ќерката Софиа.

На Гоце Георгиевски најголемата поддршка му е сопругата Симона со која има две деца, син и ќерка.

Некои ракометари речиси никогаш не зборуваат за приватниот живот. Меѓу нив е и омилениот играч Столе Стоилов.

Во јуни 2018 година во брак стапи и нашиот репрезентативец Никола Маркоски. Стружанецот стапи во брак со својата долгогодишна девојка, екс ракометарката Ане Миленковска.