Реката Серава денес е црвена, скопјани загрижени (ФОТО)

ИЗВОРНов лист
|

Серава е река во Македонија, која тече во селото и населбата Радишани и се влева во Вардар од неговата лева страна, во Скопје. Во горното течение реката е позната и под името Радишанска или Радишка Река. Под името Серава таа е позната само во градот Скопје.

На Facebook страната „Против загадување и труење на народот“ Владимир Куновски испрати фотографија накоја се гледа како реката Серава има црвена боја. Повеќе од очигледно е дека се работи за загадување или висока концентрација на сол во форма на солни наслаги, претворајќи ја нормално сината боја во темно црвена боја.

Овие промени во бојата на реките се случуваат преку ноќ, претворајќи големи површини вода во крваво црвена боја. Поради овој феномен, илјадници риби и птици умираат во таквите црвени води. Понекогаш наречени како “црвена плима” овие настани се случуваат во утоките на реките и по должината на крајбрежјата, иако, тие исто така можат да се случат и во свежа вода.

Граѓаните се загрижени и бараат одговори.