Најновото остварување на македонското електронско дуо „Cyrillic“ е „Севда“.
За овој нов сингл Андреј и Бојан соработуваа со македонската поп пејачка Наташа Малинкова. Спотот се снимаше на неколку локации ширум земјава, а моделот кој ја има главната улога во видеото е Марија Давчевска.
„Севда е страст, Севда е љубов. Севда е фузија на два тотално различни музички света, кои што тука перфектно се споија. Многу ни е мило што направивме еден ваков проект, каде што ставаме наш печат како Cyrillic, на една од нашите омилени Македонски етно песни. Се надеваме дека ќе им се допадне на нашите фанови и пошироката јавност ѝ ќе придонесе на помладите генерации да им стане блиска нашата Македоснка музика“ – вели Андреј.
На зборови на Андреј се надоврзува и Бојан, кој вели:
„Севда е комбинација на етно елементи со карактеристични Cyrillic звуци и мистичен вокал испреплетени за еден одличен радиски и клубски сингл. Интересна е реакцијата на публиката на нашите настапи кога за прв пат ја слушаат, обично се позитивно изненадени поради тоа што не очекуваат такава комбинација“.
Пред некое време Cyrillic станаа ексклузивци на „Sky Eye Entertainment“. Оваа песна е втор издаден сингл под оваа издавачка куќа.
Во продолжение погледнете го видеото за нивната „Севда“: