Силен земјотрес во Турција близу градот познат како македонски град

ИЗВОРНов лист
|

Силен земјотрес со јачина од 5.6 степени по рихтер пред околу еден час вечерва ја стресе западна Турција. Земјотресот е со епицентар на 96 километри од Измир, познат како македонски град.

Земјотресот беше на длабочина од само 9 километри и поради тоа потресот беше почувствуван на поголема територија. Засега нема информации за материјална штета или погодени граѓани.

Исто така, пред само два дена Албанија повторно ја погодија два земјотреси. Првиот потрес беше со интензитет од 3,9 степени според Рихтерова скала. Епицентарот се наоаѓал во Кукеш, Албанија на длабочина од 10 километри под површината на земјата.

Вториот потрес беше со интензитет од 4.5 степени според Рихтерова скала. Епицентарот се наоѓал во градот Дибер, во Албанија на длабочина од 10 километри под површината на земјата.

Инаку во Измир живеат голем број на наши иселеници, а се повеќе се зголемува бројот на лица таму кои сакаат да го научат нашиот јазик и култура, па поради тоа од државава уште пред неколку години беа испратени професори кои за три години своето знаење го пренесле на дури 3500 лица.  Поради тоа Измир уште е познат и како македонски град.