Ова не се гледа секој ден: Само овој Македонец успеа да ја крене Карлеуша во раце (ВИДЕО)

ИЗВОРНов лист
|

Секоја сабота имаме прилика да го гледаме регионалното музичко „Ѕвездите на Гранд“ каде што разни музички таленти, а меѓу нив и претставници од Македонија се трудат во неколку минути да се прикажат во најдобро можно светло.

Оваа година во музичкото шоу учествува и Александар Темелков од Скопје кој не е првпат на музичката сцена.

Имено, тој пред неколку години исто така се појави во „Ѕвездите на Гранд“ каде што направи вистински хаос со своето појавување.

Тогаш Темелков излезе на сцената и ja отпеа песната „Кило горе, кило доле“ и се приблжи на Карлеуша која го крена Македонецот и го врати назад на средина на сцената.

Александар во таа сезона на музичкото шоу остави впечаток и беше препознатлив, но не успеа да оствари некој успех.

Меѓутоа, изгледа овој Македонец не се откажува, па затоа одлучи оваа година повторно да се врати на добро познатата сцена и повторно да направи вистинско шоу.

Имено, во првиот круг , Темелков успеа веднаш да го освои жирито, но и публиката која штом го виде почна да аплаудира.

Темелков за свој ментор ја одбра Вики Миљковиќ и заедно работеа на неговото претставување во вториот круг, а емисијата во која ќе настапува Александар ќе се емитува оваа сабота на Канал 5 телевизија.

Во најавата за ова саботно издание на „Ѕвездите на Гранд“ се гледа како Темелков успеа да ја крене Јелена Карлеуша во раце, а Шерифовиќ довикуваше: „Браво кралу, браво“.

Во продолжение погледнете ја најавата, а целата емисија ќе имате прилика да ја гледате за два дена на веќе спомнатата телевизија.

Најава „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“

Во сабота во 19:20 часот бидете на Канал 5

Gepostet von Канал 5 Телевизија am Mittwoch, 22. Januar 2020

Како ќе се претстави Александар, дали ќе помине во следниот круг останува да видиме, но е едно е сигурно – тој не само што ја крена Јелена во раце, туку и публиката ја крена на нозе.