Некои рокови на траење на одредени производи воопшто не се за потценување. Ова се производите кои најчесто ги користиме подолго од дозволениот рок. Еве колку често треба да ги менувате:
Перници: 6 месеци
Перниците ос тек на време стануваат неудобни за вашиот врат и рбет. Исто така тие собираат масти, прашина и бактерии. Сè тоа што се собира во нив може да предизвика алергиски реакции. За да ги спречите овие несакани последици, перниците треба да ги замените со нови на секои 6 месеци.
Четкички за заби: 30 дена
Во текот на еден месец на четкичките за заби се собираат бактерии кои може да доведат до сериозни инфекции и проблеми на забите и непцата. Најдобро е четкичките за заби да ги менувате на 30 дена.
Градници: 8 месеци
Дури и најквалитетните градници го губат квалитетот по 8 месеци, се опушта материјалот и не ја даваат потребната поддршка и заштита на градите.
Сунѓери за миење садови: 7 дена
На само еден квадратен сантиметар од сунѓерот може да живеат дури и до 10 милиони бактерии. Сунѓерот задолжително менувајте го на 7 дена.
Кациги: 3 години
Ако имате кацига за велосипед или моторцикл, треба да ја менувате на секои 3 години.
Патики за трчање: 6 месеци
Патиките за трчање ја губат својата флексибилност откако во нив ќе поминете 800 километри. Ви препорачуваме да ги замените на 6 месеци.