Познатиот Драган Вучиќ, беше специјален гостин – пејач, но и член на жирито во најновото издание на музичкото шоу за возрасни „Никогаш не е доцна“, што беше емитувано вчеравечер.
Емисијата започна како што е редот со песна. Вучиќ заедно со исто така гостинката, пејачката Александра Младеновиќ во дует ја отпејаа „Благуњо дејче, мори пожаранче“, по што на сцената се појави водителката на шоуто Драгана Катиќ, која сакајќи што подобро да го претстави Вучиќ, го навреди… До душа несакајќи, од неинформираност или незнаење!
Имено, водителката нашиот Вучиќ го претстави како пејач, композитор и… „однеодамна“ нејзин колега водител!!? А Драган Вучиќ е пред камерите како водител повеќе од 20 годинини, а можеби и две и пол децении… Од некогашното „Вашите 5 минути“ до денешнава емисија „Гурмански муабети“!
Иако на сцената премолчи, ништо не изусти и воопшто не реагираше на ваквиот гаф на водителката, очигледно на Вучиќ и тоа како му падна криво. Никако не му било сеедно, па реагираше малку подоцна… И тоа на социјалните мрежи или поточно на Инстаграм, каде токму тој дел од најавата го снимил и споделил на својот профил!
Грешка во најавата, ама ненамерна… Впрочем, ако „Никогаш не е доцна“ за пеење, веројатно не е и за водителски поправен!
Погледнете ја целата емисија: