Влатко Лозаноски со награда на MAC 2020: Доаѓам од Македонија а не од таа земја со додаток што ја спомнавте

ИЗВОРНов лист
|

Вчеравечер во „Штарк Арена“ во Белград на спектакуларната музичка церемонија на доделувањето на регионалните музички награди „МАC 2020“, Влатко Лозановски ја освои наградата за најдобра поп-фолк нумера во регионот, за нумерата „Мајко“. Влатко победи во силна конкуренција, меѓу номинираните беа Тропико бенд, Наташа Беквалац, Антонија Шола, Илма Карахмет и Лексингтон бенд, а воедно тој беше и единствениот македонец кој зема награда вечерта.

Откако беше најавен од страна на Сале од „Тропико бенд“ како момчето од „Севена Македонија“, Влатко кога излезе на сцената најпрвин им се заблагодари на сите што гласаа за него, ги поздрави своите соработници, организаторот и публиката и како вистински патриот, како горд Македонец ја коригираше најавата со зборовите:

„Поздрав до сите коишто гласаа за „Мајко“ една од моите омилени песни и голема благодарност за моите во Македонија. И морам да го поправам Сале, тоа е Македонија, а не со тој додаток што го кажа предмалку. Ви благодарам уште еднаш и се надевам дека нема да ми забележите што ви се обраќам на македонски јазик…“ – рече Лозано во своето обраќање при примањето на наградата, пошегувајќи се дека слушнал дека впрочем, македонскиот и на Јелена Карлеуша и е најсе*си јазик!

Оваа изјава на Лозано беше дочекана со овации од страна на присутните во салата. Со ова регионално признание, но пред се со својот настап и гест Влатко Лозаноски уште еднаш покажа колку е голем… И како музичка ѕвезда и како вистински патриот и Македонец!

Како изгледаше овој негов настап и гест во Штарк Арената на МАЦ 2020 во Белград, погледнете во продолжение: