Денес им е именден: Што значат имињата Антонио и Антонија?

ИЗВОРновлист
|

Денеска е Св. Антониј Велики. Именден празнуваат: Антонио, Антонија.

Оригиналната форма на ова име е Antonius. Името има латинско потекло. Името го означува оној што е од родот на Антониите и има етрурско потекло. Според други толкувања името значи „скапоцен“, „бесценет“.

„Антониј“ всушност е римски назив на оригиналното потекло на грчкиот збор „антео, антао“ што во превод значи „подготвен за борба, конкуренција“.

Женската верзија од ова име е Антонина, Антонија. Таа означува бесценета, скапоцена. Има повеќе варијанти од ова име: Антонина, Антоанина, Антоанета.

Светецот Преподобен Антониј Велики се празнува на 30 јануари. Свети Антониј е роден во Среден Египет, во 251 година. На 20-годишна возраст остана без родителите. Мораше да се грижи за останатото богатство и за својата помала сестра.

Еден ден во црква ги слушна зборовите: Ако сакаш да бидеш совршен, оди продај го имотот и раздај го на сиромасите и ќе имаш ризница на небото, па дојди и врви по мене, па го раздаде имотот, а со малиот остаток ја згрижи сестра си и го започна подвижничкиот живот. Целиот негов живот стана исполнување на овие зборови.