ОВЕН
Во овој период ќе се вратите на некоја стара работа или ќе обновите некоја деловна соработка од минатото. Сегашниот партнер ви ја докажува својата љубов, но вие како упорно да гледате од негативен агол на тоа.
БИК
Ви се отвораат нови можности за започнување бизнис со кој ќе бидете многу задоволни. Подготвени сте да и пријдете на својата симпатија со понуда за врска. Не сакате да чекате и да размислувате.
БЛИЗНАЦИ
Ова е време да бидете навистина вредни и посветени на својата работа бидејќи ќе ве чекаат некои големи награди за тоа. Во вашиот живот влегува нова личност. Подготвени сте повторно да сакате и своето срце да го подарите некому.
РАК
Денес можно е да ви се случи голем пресврт кој ќе ви овозможи позитивни промени на деловно поле. Полека се зближувате со личност која ви се допаѓа и откривате дека и таа има некои маани и слабости на некој начин. Ќе бидете одлично расположени.
ЛАВ
Можеби конечно ќе решите некој проблем од минатото кој долго време стоел настрана. Можна е комуникација со поранешна љубов, кон која и понатаму постојат емоции од ваша страна.
ДЕВИЦА
Можно е да дојде до неочекувани пресврти и проблеми кога станува збор за работата. Ако отворено му ги покажете на партнерот вашите емоции, нема да се покаете туку ќе се воодушевите од неговата реакција.
ВАГА
Во периодот кој претстои ќе можете да ги менувате работите на деловно поле. Ве очекува напредување. Вашиот партнер меша некоја трета личност во вашиот однос и тоа воопшто не ви се допаѓа.
ШКОРПИЈА
Ќе ви се укаже нова можност на работно поле која може да биде добра за вас. Во периодот кој ви претстои ќе имате многу несогласувања со саканата личност.
СТРЕЛЕЦ
Денес би било најпаметно да се посветите на обврските кои ве чекаат од претходниот период. Станува сѐ појасно дека со саканата личност не сте најдобра комбинација и дека вашата врска кога тогаш ќе прекине.
ЈАРЕЦ
Со личноста која веќе подолго време ви нуди деловна соработка, може да дојде до остварување на позитивен договор. Би било добро да се дистанцирате од сѐ што ви се случува на емотивно поле.
ВОДОЛИЈА
Можеби ќе погрешите ако инсистирате на големи и драстични промени денес. Комуникацијата со саканата личност ќе се движи во подобар правец и ќе бидете генерално задоволни.
РИБИ
Можна е минлива финансиска криза. Потрудете се своите трошоци да ги намалите и контролирате. Иако изгледа како да имате сѐ со саканата личност, во длабочината на душата постои жал за минатото.