Купувањето на нов стан е една од најзначајните одлуки во животот. Дали сте се запрашале кои се основните карактеристики на еден просечен стан во Скопје? Средната големина на становите, бројот на собите, атрактивноста на локациите за градење, вредноста на станбениот квадрат и предностите на населбата во која се наоѓа станот се некои од најзначајните податоци кои можат да ви помогнат при купувањето на нов дом од соништата во македонската метропола.
Во Скопје во моментов најскапи станови се становите во Карпош. Во општина Карпош становите се движат со просечна цена од 60.398 односно 59.865 денари за метар квадратен. Исто така меѓу еден од поскапите се и становите во Аеродром. Во Аеродром се продаваат од 50.000 денари за квадрат, па нагоре. Во Кисела Вода пак квадратен метар е од 46.000 денари нагоре, додека пак во Гази Баба околу 45.000 денари за квадрат.
Во центарот на Скопје становите се продаваат од 1100 до 1600 евра чини квадратен метар.
На самиот крај, не смее да се заборави дека изборот на идно живеалиште во Скопје е прашање на вашите лични барања. Пред да се впуштите во потрага низ градот, на вас останува да си одговорите на прашањето дали под прозорецот од станот очекувате да има кафе-бар, дрвја или игралиште за деца. Вреди да се запамети дека обезбедувањето на животен простор е долгорочна инвестиција, за која е неопходно да се земат во предвид бројни информации.