Момче е избркано од 2 училишта поради неговата коса – Погледнете ја проблематичната фризура

|

Милион причини да бидете избркани од училиште но дали може да замислите причината за тоа да биде вашата фризура.

Токму ова му се случило на 8-годишниот Фарук Џејмс, чии родители имаат потекло од Гана и Англија. На момчето не му било дозволено да учи во дури 2 училишта, поради неговата впечатлива фризура од афроамерикански тип.

Фарук Џејмс бил избркан од лондонското училиште по ораторство, кое претходно го посетувал неговиот 23-годишен брат, открива нивната мајка Бони Милер.

„Знаев за лошото однесување на училиштето кон фризурите, а овој пат се соочивме дури три пати со непријатни ситуации, при што на крај Фарук беше избркан од установата.“- вели Бони.