Пет работи кои треба да ги знаете за кредитните картички

ИЗВОРновлист
|

Пет грешки кои треба да ги избегнете:

Плаќањето е одложено

Откако ќе извадите кредитна картичка, службеникот во банка ќе ви го каже датумот кога ќе ви достасаат обврските. Овој датум не треба никако да го заборавите. Доколку датумот на доспевање ви е во незгодно време од месецот, можете да се јавите во вашата банка и да се обидете да го промените датумот.

Минимална уплата

Секој месец, ќе имате сума што е потребно да се плати. Во ваш интерес е да платите малку повеќе од минималната исплата. Ова ќе гарантира дека вашите месечни плаќања се исплаќаат правилно. Доколку плаќате повеќе од минимумот секој месец ќе платите помала камата.

Зголемување на лимитот на картичката

Ова значи дека сте должни и не сте во можност да ги исполните вашите обврски навреме. Земањето на дополнителни пари само ќе го зголеми вашиот долг.

Избегнување на плаќање

Ако сте позајмиле премногу пари и не сте во можност да ги платите трошоците или пак знаете дека ќе доцните еден месец, кажете и на вашата банка.

Затворете ја старата картичка

Доколку не ја користите често старата кредитна картичка, може да одлучите соодветно да ја затворите. Ова може да биде погрешно ако вашата стара кредитна картичка има подобри услови и пониски трошоци од новата.