Сите зборуваат за наметката на Натали Портман: Нејзиниот гест испрати моќна порака

ИЗВОРновлист
|

Актерката Натали Портман на црвениот тепих на Оскарите се појавила со наметка од модната куќа Диор. На наметката биле извезени имињата на режисерките кои оваа година неправедно биле изоставени од номинациите за престижната награда Оскар.

Натали се појавила на црвениот тепих во црно-златен фустан на Диор дополнет со наметка која крена голема прашина во светот. На самите рабови на наметката биле извезени имињата на жените режисерки кои оваа не добиле номинација за Оскар, а таа смета дека тоа го заслужиле.

“Сакав на суптилен начин да ги истакнам жените чиј неверојатен труд не беше препознаен оваа година”, објаснила Натали во изјава за медиумите.

На оваа наметка се наоѓаат имињата на: Лулу Ванг (The Farewell), Грета Гервиг (Little Women), Лорен Скафарија (Hustlers), Мелина Мацукас (Queen & Slim), Мариел Хелер (A Beautiful Day in the Neighborhood), Мати Диоп (Atlantic), Алма Харел (Honey Boy) и Селин Шјама (Portrait of a Lady on Fire).