Да се помолиме за своите најмили и најсакани. За најневините суштества на овој свет, нашите деца.
Милосрден Исусе, јас ти ги предавам своите деца. Никој друг нема да може да ми даде подобра помош. Од тебе барам милост, да можам да ги подигнам своите дец. Без твоја помош моите настојувања нема да вродат плод.
Прочисти ги моите дела и просветли ме во моето поучување на децата. Учи ги да растат во љубов, сочувај ги од лошо друштво, помогни им во нивното учење, направи ги љубезни кон сиромашните, несреќните, патниците.
Сочувај ги во својата присутност и во добро здравје, така што ќе може да растат на Твоја слава, за доброто на другите и во посвета на своите родители.
Ти ветувам дека од сега верно ќе ти служам и на другите ќе ја пренесувам оваа побожност.