Водителката Јелена Спенџарска освен тоа што може да ја гледаме на ТВ екраните, таа е активна на социјалните мрежи.
Како инфлуенсерка редовно ги известува своите фанови за нејзините активности, ангжмани, нови проекти, ги известува како се храни, каков ден имала, им дели совети за вежбање, совети за самодоверба и слично.
Освен тоа, водителката е и заштитно лице на неколку брендови, па на своите профили често рекламира и одредени производи.
Таа се појави на кулинарско хумано шоу и се најде во улога на вип натпреварувач.
Сите добро го препознават нејзиниот лик и глас, но ретко кој го познава нејзиниот дом и семејство. Сите детали можете да ги видите накратко во видеото:
Инаку, деновиве таа ги извести своите фанови со една прекрасна вест истакнувајќи дека и се исполнил сонот. Имено, Јелена откри дека добила виза за Америка.
Таа појасни дека оди на патување, им порача на нејзините следбеници да веруваат бидејќи секој сон може да биде реалност.
Водителката ги спакува куферите и замина во Америка, а веруваме дека сигурно преубаво ќе си помине, но ќе ги почести и фановите со некоја фотографија.