Православните христијани денес ја одбележуваат Задушница

ИЗВОРновлист
|

Православните христијани денес ја одбележуваат Задушница. Задушница е секогаш во сабота. Секогаш се оди во црква каде што се служи литургија и парастос.

На Задушница верниците даваат милостина на сиромашните и се молат за душите. Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој одбие да земе храна или пак избрка туѓинец.

Оваа Задушница секогаш се одбележува во сабота и е точно една недела пред Прочка. Прочка секогаш се паѓа во недела.

Седмицата пред Прочка се вика Месопосна недела. Овој период од седум дена до Прочка се нарекува и Сирна недела. Оваа недела не се јаде месо, се јадат млечни производи.

Од понеделникот по Прочка започнуваат големите, долги седум недели, Велигденски пости што траат до Велигден.

Во продолжение информација за ЈСП Скопје. Во пресрет на верскиот празник Задушница  ЈСП ќе воведе дополнителен број автобуси на линијата 59, 59А и 59 Б.