Македонската водителка на „Бекстејџ“ или привремно екс водителка на естрадниот магазин, Миа Костова доста е активна на социјалните мрежи. Таа освен водителка е и македонска инфлуенсерка, па по нејзните објави на социјалните мрежи често може да видиме каде рекламира одредени брендови за козметика, накит, патување…
Миа Костова на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија на која им се заблагодарува на сите кои брзо интервенирале за случката во Охрид.
Што точно се случило на патувањето во Охрид, нашата водителка не напиша детали, но истакна дека била избегната голема драма.
„Приказната во Охрид заврши прилично лошо за мене и за сите околу мене. Ништо страшно, освен еден аларм за да подзакочам во секоја смисла на зборот. Една најискрена благодарност за луѓето од Острово ресторанот, фала на Брзата помош кои беа исклучително брзи и експедитивни, пријатни, културни и посветени. Пола живот ѝ должам на мојата Тијана Скулиќ, која спаси поголема драма. И мама и Андрија кои ми беа сила во позадина. Ве сакам“, напиша водителката на Инстаграм профилот.