На нив дипломите не им значат: Овие пејачки немаат завршено ни средно училиште

|

Весна Змијанац жената која жареше во Југославија, а нејзините хитови и понатаму се слушаат, нема завршено ни средно училиште, но има дактилографски курс.

Александра Пријовиќ која е мега популарна, а стана и снаа на Лепа брена, има само три години средно школо, кое не го довршила, додека Едита Арадиновиќ која беше во групата Министерки, има само основно школо.

Северина и Дара Бубамара исто така имаат само основно училиште.

Светлана Цеца Ражнатовиќ има средно школо, Буба Мирановиќ е бабица, Џеј учел за автолакер, додека Индира Радиќ за медицинска сестра.

Злата Петровиќ исто така немала време да се посвети на средното образование, па така останала само со основно училиште.

Јелена Карлеуша и Драгана Мирковиќ завршиле средно трговско, додека Сека Алексиќ за фризерка.

Јелена Розга има средно балетско школо.

Од друга страна има и факултетски образовани и тоа Неда Украден со две дипломи.