Необјавена фотографија на Цеца: Ова е сликата направена зад решетки

ИЗВОРНов лист
|

Светлана Цеца Ражнатовиќ и српскиот политичар Чедомир Јовановиќ веќе со години не се во добри односи. Последната нивна заедничка средба беше на роденденот на близначките на Жељко Јоксимовиќ и тогаш српскиот портал „Информер“ објави дека Чеда и покрај тоа што сакал да ја избегне пејачката, не успеал во тоа, а сите забележале дека Цеца не го поднесува.

Имено, тие се во лоши односи уште од 2003 година, бидејќи Чедомир Јовановиќ бил виновен за нејзиното апсење во акцијата Сабја. Во тоа време Јовановиќ беше потпретседател на владата, па медиумите пишуваа дека инсистирал фолк дивата да биде задржана во притворот и тоа во нехумани услови. Цеца ваквите наводи не сакаше да ги потврди, но истите никогаш ги нема ни демантирано.

„Јас мојата голгота ја поминав. Ме у*псија и ме ставија во позади решетки подолго од било кој ма*ијаш. Оние кои тоа ми го направија мене и на моите деца совеста им е најголема казна, беше единственото нешто што Цеца го кажа за тие 121 ден што ги помина зад решетки поради обвинение дека е во контакт со земунскиот клан и затајување на данок во ФК „Обилиќ“ што го наследи од својот сопруг, Жељко Ражнатовиќ.

Но, ова не е единствената причина што тие не се во добри односи. Имено, пред неколку години, Чеда Јовановиќ објави и фотографија од Цеца направена во тој период, јасно ставајќи до знаење дека пејачката своевремено била зад решетки и дека има дамки во минатото. Монтажа или не, неговата порака беше јасна, а Цеца ова никогаш нема да му го заборави.