Ослабела 50 килограми и станала нова мисица: “Ја открива тајната формула”

|

26-годишната Џен Аткинс од Линконшир станала нова мис Велика Британија откако ослабела дури 50 килограми.

“Не можам да верувам. Некој да ми го кажеше ова пред три години, ќе мислев дека е луд”, рекла Аткинс, па додала дека пред неколку години се хранела многу нездраво и јадела брза храна.

Аткинс вели дека цврсто одлучила да го промени својот начин на живот и нездравата храна ја заменила со здрава, а килограмите почнале да се топат.

Редовно одела во теретана, а како што рекла за Daily Mail, пред две години победила на локален избор за убавина, па помислила дека може да ја освои и титулата за најубава жена во Велика Британија.

“Ништо не е невозможно со желба и труд”, порачала Џен, која сега промовира здрав начин на живот.

Џен некогаш за појадок јадела сендвич со сланина, за ручек одела во ресторан за брза храна, јадела чоколадо, а за вечера нарачувала готова храна.

Сега се храни многу поздраво, па за појадок јаде јајца или каша, овошје и јогурт. За ужинка јаде енергетски плочки со овошје или житарки. За ручек супа и салата, а за вечера пилешко или лосос.