На вчерашната 23. по ред „Златна бубамара на популарноста“, во неколкучасовно шоу им беа доделени признанија на најпопуларните и најзаслужните за 2019 година.
Ова е целосниот список на добитници:
Инклузивна танцова претстава – Пепелашка-Еурека
Најпопуларна детска ТВ емисија – Дајте музика
Песна за век и векови – На Велигден (Џина Папас Џокси)
Пеачка на годината – Тамара Тодевска
Хит на годината – Proud (Тамара Тодевска)
Спортски подвиг – Илина Арсова (7 врвови)
Најсатирична емисија – Фчерашни новости
Трајни музички вредности – Електрични оргазам
Театарска претстава – Мој термин (МНТ)
Актер на годината – Јордан Симонов
Актерка на годината – Тања Кочовска
Најпопуларна регионална пејачка – Јелена Розга
Животно дело во областа на музиката – Ангеле Димовски
Трајни музички вредности во етно музиката – Синтезис
Интернационална награда за животно дело – Раде Шербеџија
Концерт – Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ
Животно дело во областа на филмот – Столе Попов
Награда за прва труба – Џамбо Агушев
Најголем интернационален успех – Медена Земја
Амбасадори на македонската култура – Танец
Спортски успех – РК Вардар
Музички Продуцент – Мите Димовски
ТВ актерка – Јелена Јованова
Најпопуларна ТВ Проект – Преспав (ОХО)
Трајни музички вредности во рок музика – Ристо Вртев (Архангел)
Трајни музички вредности – Галија
Пеач на годината – Влатко Лозаноски
Доделувањето ќе може да се погледне во недела на „Канал 5“.