Утре е 29 февруари: Ова сигурно не сте го знаеле за овој посебен ден

ИЗВОРновлист
|

Една година отприлика трае 365 дена, 5 часа, 45 минути и 46 секунди. Тие додатни 5 часа и неколку минути се всушност причина зошто имаме престапна година. Годината со 366 дена се јавува на секои 4 години.

Поентата на престапната година е да помогне во прилагодувањето на грегоријанскиот календар со соларниот календар и да осигура дека на навреме ќе ги прославуваме соларните настани како што се пролетната или есенската рамноденица секоја година. Некогаш дурри ни дополнителниот ден во февруари на секои 4 години не може да го осигура точно вклопувањето, поради што научниците понекогаш повикуваат на „престапна секунда“.

Престапната секунда претставува подесување од една секунда која повремено се применува на координираното универзално време за да се намали разликата помеѓу прецизното време кое го мериме со часовниците и непрецизното воочено соларно време кое варира поради долготрајното успорување на ротацијата на Земјата.

Постои причина зошто жените ги запросуваат мажите баш на 29 февруари. Откако папата Гргур XIII го прогласил грегоријанскиот календар во 1582 година, идејата за додавање на 29 февруари на секои четири години изгледала како смешна. Тогаш во британскиот театар направиле комична претстава во која се истакнувало дека жените на тој ден би требало да ги заменат здолништата за панталони и да се однесуваат како мажи. Претставата е означена како сатира, но тогашните феминстки биле испирирани, до 1700 година жените го користеле 29 февруари за да им предложат брак на мажите. Традицијата, која денес се нарекува „Bachelor’s Day“, го достигна врвот во почетокот на 1900 година и продолжува и денес да се применува во Велика Британија.

На светот постојат околу 4 милиони луѓе кои се родени на овој ден. Луѓето кои се родени на 29 февруари имаат проблем да го одбележат својот роденден.

Во многу држави продавниците даваат огромни попусти на овој ден. Тоа може да се случи и кај нас, па ќе може да си го купите она што сте го сакале по многу поволни цени.