Ветер со јачина до 80 километри на час може да се очекува во Скопје во попладневните часови. Градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев, објави предупредување на социјалните мрежи. На граѓаните им порачува да бидат на безбедно и да не ги паркираат возилата под дрвја.
„Во постојан контакт сме со УХМР. Постои најава за посилен ветер во попладневните часови.
– Бидете на безбедно и засолнети;
-Не ги паркирајте возилата под дрвја;
-Пријавете евентуални штети до општина/полиција;
-Не ширете паника и проверувајте ги информациите кои ги читате, напиша Богоев.
Од УХМР велат дека денес од пладне ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Повеќе врнежи ќе има во северозападните делови каде на планините снежната покривка дополнително ќе се зголеми. Ќе дува засилен, повремено силен ветер кој локално ќе достигнува брзина над 70 км/час и на планините ќе услови појава на снежни наноси. Во текот на денот ветерот ќе биде од јужен, а во вечерните и ноќните часови од северозападен правец.