Карлеуша во комбинезон Версаче со длабоко деколте

ИЗВОРновлист
|

Јелена Карлеуша на снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ повторно се појави во провокативно издание . Таа беше облечена во комбинезон на Версаче со длабоко деколте.

Слична креација носеше и Џенифер Лопез на ревијата на Донатела Версаче во септември 2019 каде беше претставена колекцијата пролет-лето 2020.

Карлеуша честопати имаат сличен избор на модни парчиња со Џеј Ло, а неодамна на социјалните мрежи се пожали дека Аријана Гранде ископирала нејзина креација за Оскарите.

Кога се појави пред студиото сите погледи беа вперени во преубавата пејачка, која и овојпат не ја пропушти шансата да се појави во оригинален стајлинг.

Косата и беше врзана, а околу вратот носеше марама. Нејзината фризура ги воодушеви фановите.