Според листата на “Форбс”, основачот и генерален директор на компанијата “Амазон”, Џеф Безос, е најбогат човек на светот и прва личност чие приватно богатство достигнало троцифрена сума во милијарди.
Во овој момент, богатството на Безос се проценува на 116,7 милијарди американски долари.
За таа цел, претприемачот и ѕвезда на “Tik Tok”, Хамфри Јанг, се потрудил на “обичните луѓе” да им доволи колку всушност пари се тоа – со помош на зрна ориз. Тој пошол од тоа дека едно зрно ориз одговара на износ од 100.000 долари. Потоа избројал 10 зрна и дошол до износ од милијарда долари.
За да илустрира колку е богат основачот на “Амазон”, Јанг морал да набави повеќе пакувања ориз. На интернет пронашол информција дека Безос располага со приватно богатство од 122 милијарди долари, а тоа е прилично голема количина на ориз – поточно нешто повеќе од 26,3 килограми.
По експериментот, Јанг го поделил оризот на неколку семејства.
Видеото погледнете го ОВДЕ.