Нови построги мерки: Од утре целосен клуч за кафетерии, обложувалници, барови, казина и молови во Македонија

ИЗВОРНов лист
|

Поради зголемување на бројот на заразени лица во нашата земја на 18, се донесуваат нови построги заштитни мерките. Со нив се затвораат сите копнени гранични премини, освен Богородица, Ќафасан, Табановце и Блаце. Се затвора аеродромот во Охрид. Забрана за влез за странски државјани од земјите со среден ризик, според листата на СЗО, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, на вечерашната вонредна пресконференција.

Министерот истот така истакна дека Кризниот штаб донесол одлука да се затворат сите продавници во трговските центри, освен маркетите, продавниците за храна и аптеките.

Како што појасни Филипче, рестораните кои подготвуваат храна може да работат, но храната да ја доставуваат на алтернативен начин, односно, да ја доставуваат до дома или пак, ако ја презема купувачот, тоа да го прави надвор од објектот. Истото им го порача и на сите други продавници.

– Тие може да вршат продажба, на алтернативен начин, односно, да вршат продажба преку интернет или телефон и да вршат достава до дома, на соодветен начин, рече министерот Филипче на прес-конференцијата.

Исто така, клуч на врата ќе има и за сите кафетерии, барови, клубови, казина, обложувалници и други објекти каде се организираат игри на среќа.