200 граѓани кои денес ќе стигнат од ризичните подрачја одат во групен карантин во касарната на Криволак

|

200 граѓани кои денеска со организиран конвој треба да бидат земени од граничниот премин меѓу Унгарија и Србија ќе бидат задржани во групен карантин на Криволак. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека овие луѓе се враќаат во земјава од ризичните подрачја, Италија и Австрија и поради тоа касарната Пепелиште ќе биде претворена во карантин за сите нив.

„Целиот објект ќе биде обезбедуван од полиција, од тимот епидемиозоли на сите ќе им бидат направени анкети, контролни тестови и ќе се следи состојбата“, рече министерот Филипче.

Тој кажа дека епидемијата е во силен ек и затоа апелира да граѓаните да седат дома.

„Во силен ек е епидемијата, очекувано е во наредниот период бројот на заболени да се зголемува, затоа е многу важно да се спречи локално пренесување. Апелирам да останете дома, да не се групирате, излегувајте од дома само ако имате итност.

Не контактирајте со многу луѓе, не се задржувајте во маркетите, држете растојание и секако одржувајте хигиена, мијте раце“, апелираше Филипче на денешната прес-конференција во Владата.