Маркетите во земјава почнаа да применуваат најразлични мерки за почитување на препораките од Владата.
На социјалните мрежи деновиве почна да кружи фотографија за која се тврди дека е од маркет во Данска. На фотографијата може да се види дека маркетот успешно ја спроведува мерката за оддалеченост меѓу луѓето од 1,5 метар.
По овој пример, со иста фотографија вчера се огласија и од маркетите Стокомак кај нас. „Ова е вашето место. Јавното здравје од нас зависи“.
„Почитувани потрошувачи, Сакаме да ве известиме дека внимателно ја следиме ситуацијата. Здравјето и безбедноста на нашите клиенти и на нашите вработени е главна цел во овие периоди. Во нашите продавници за оваа цел, ние веќе имплементиравме засилени превентивни мерки со цел одржување на нашите продавници и објекти чисти и здрави за вас и нашите вработени. Продавниците се чистат секој ден, со користење на раствори за дезинфекција сертифицирани за употреба со цел зголемување на превенцијата. Ние го зголемивме нашиот фокус на чистење и дезинфекција на клучните и критични точки (како пулктот за наплата, корпите, количките, влезните врати…итн). Од денес дополнително започнавме да ги означуваме нашите подови со предвидено место во растојание за заштита на безбедноста и здравјето на нашите клиенти и нашите вработени…
Ве молиме да ги почитувате мерките кои се препорачуваат и да имате разбирање за мерките кои ние како компанија ги имплементираме со една единствена цел, заштита на здравјето на сите нас! Ваш, Стокомак“, се вели во соопштението објавено на Фејсбук.