Елизабета ја победи Короната: Сакам на луѓето да им ги објаснам симптомите и што да очекуваат

|

Елизабетa Шнајдер (37) од Сиетл, Вашингтон, го „добила“ вирусот на една куќна забава. Таа така верува бидејќи неколку дена по забавата, неколку нејзини пријатели кои биле присутни во куќата се разболеле, во исто време како и таа.

Три дена по забавата на 22 февруари, Елизабета била на работа кога и се слошило и се почувствувала болна и изнемоштена.

„Се чувствував уморна, имав болка во целото тело, главоболка и лесна треска, па решив да одам дома“, изјави таа за Си-Ен-Ен.

Легнав и кога се разбудив, имав температура од 38,3 а веднаш потоа скокна на 39,4. „Мислев дека имам грип“, не ни претпоставував дека се работи за Ковид-19, вели Елизабета.

Таа не кашлала и воопшто немала проблеми со дишењето. Десетина од нејзините пријатели кои биле на иста забава се разболеле во истиот ден, со многу слични симптоми“. Токму тогаш таа се посомневала.

Лекарите мислеа дека станува збор за грип, но потоа дојдоа позитивните резултати за Корона. Елизабета истакна дека се опоравила од својата болест дома, одмарајќи се, за разлика од повеќето свои пријатели кои побарале лекарска помош. Таа земала лекови без рецепт, оние кои се за намалување на температурата и ублажување на болки.

-Најважното нешто што сакам да им го кажам на другите е – ве молам, не паничете. Ако си здрав, млад, се грижиш за себе кога си болен, ќе се опоравиш, ќе веруваш во себе си. Јас сум животен доказ за тоа, рече таа.

Си-Ен-Ен посочува дека новиот вирус за постари лица или лица со претходно постоечки медицински проблем, како што се срцеви заболувања или дијабетес, може да биде фатален.

Областа во Сиетл е во епицентарот на избувнувањето на епидемијата на САД. Од повеќе од 1.630 случаи пријавени во земјата откако вирусот за прв пат се појави во јануари, 457 се од Вашингтон, вклучувајќи 41 по чинати.

Денес во цела Америка има преку 3000 заразени, а американската администрација вчлера прогласи вонредна сотојба за полесно справување со вирусот. Откажани се и сите летови од Европа, но и од останати делови од светот.