Важна информација за сите оние кои веќе уплатиле за летен одмор

|

Туристичките агенции на граѓаните кои веќе уплатиле за својот годишен одмор да им дадат ваучери кои ќе можат да ги искористат до 31 декември 2020 година, најави министерот за економија Крешник Бектеши, на денешната прес-конференција.

-Дадовме предлози кои се однесуваат на туристичките агенции. Сите агенции да издаваат ваучари за сите нивни клиенти кои уплатиле за годишни одмори, а не можеле да ги искористат, бидејќи границите се затворени. Секој кој направил упалата ќе добие ваучер кој може да го искористи до 31 декември 20120 година. Сите агенции кои нема да им дадат ваучери ќе се соочат со казна, рече министерот.