Докторката од Куманово која е позитивена на коронавирус: Ова не се крие, ова се кажува, допрва ќе има случаи

ИЗВОРСкопје24
|

Доктор Гордана Николиќ од Куманово, која била во службен контакт со починатата жена кај која пост мортем беше откриено присуството на коронавирусот, е исто така позитивна за ковид 19.

-Ковид 19 не е шега! Да, позитивен ми е тестот. Денес дознав, шок. Не сакам да верувам. Немам на писмено ама ми соопштија. Ова не се крие, се кажува. Допрва ќе има случаи. Но, за нас медицинските лица тоа е нешто што знаеме дека може да ни се случи, данок на професијата, космонаутската заштитна маска доцна ја купив значи. Можам само да претпоставам од кого го добив, не да тврдам. За тоа епидемиолозите ќе се погрижат, ако можат воопшто нешто да најдат. Имав коонтакт, службено и со заболената која почина, имав контакти и со здрави луѓе на работа. Не шетав никаде надвор од Македонија. Не знаеме кој е носител а е навидум здрав. Никој не сака свесно да пренесе некому затоа седете дома. Вие кои не морате да одите на работа, седете дома. Не одете на кафе по комшии, правете муабет на растојание од два метри ако веќе морате. Користете мобилен за муабет, напиша докторката на својот Фејсбук профил.

Таа додаде дека ќе биде во домашен карантин.

-Еве ќе бидам во карантин дома, нема да излегувам од дома за да не ми се плашат прво комшиите во влезот. Нема ни во лифт да се возам да знаат. Кеси со храна и друго пред врата ќе ми оставаат мои блиски и откако ќе си заминат ќе ја земам кесата. Не се плашам за мене, се плашам за другите. И се си мислам дека ова е лош сон ама не е. Реалност е. Отидов да пијам чај и сок од лимони, да правам смути, да пијам суплементи. За сега сум океј, освен главоболка и лесно кашлање немам други симптоми. Цел живот со нешто се борам и еве пак. Чувајте се, постот го пишувам за доброто на сите, истакна доктор Николиќ.

Таа доби поддршка и пораки за брзо закрепнување од многу граѓани, меѓу кои и пратеникот Антонио Милошоски, кој пораката од доктор Николиќ рече дека е многу сериозна и совесна.