Нови 29 случаи на коронавирусот во Македонија

ИЗВОРСкопје24
|

Во последниве 24 часа во Македонија регистрирани се 29 нови случаи на коронавирус со што вкупната бројка на заболени се искачи на 177 лица, информираше министерот Венко Филипче.

„Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица“ – стои во известувањето на Филипче на социјалните мрежи.