„Гледаме колку драматично се одвиваат работите со епидемијата. Во многу земји бројот на заболени рапидно расте. На удар е економијата во целиот свет“, рекол рускиот претседател.
„Руската економија исто така е под сериозен притисок“, додал Путин, „Луѓето кои ја загубииле работата поради епидемијата, треба да добијат помш од владата“.
Путин објавил и дека следната седмица во Русија ќе биде неработна, а вработените ќе ги добијат платите.
„Исклучително важно е да се сопре ширењето на заразата, затоа објавувам дека следната седмица ќе биде неработна. Со други зборови, нема да се работи од 28 март до 5 април“, истакнал Путин.
Тој додал и дека малите и средните претпријатија треба да добијат даночни ослободувања, а луѓето кои имат кредити, треба да ги отплаќаат подоцна, без казни.
Драстично мерки во позитивна смисла се воведуваат и во САД, Денеска беше објавено дека Белата куќа и Сенатот постигнале согласност за пакет мерки од 2 000 милијарди долари. Со тој пакет е предвидено на секој Американец да му се помогне со близу 1 000 долари.