Фокус: Вработен на Клиниката за кардиологија заразен со коронавирус

ИЗВОРНов лист
|

Ренген-техничар од Клиниката за кардиологија е заболен од корона-вирусот, дознава неофицијално „Фокус“. Тој со симптоми на вирусот доаѓал на работа, по што бил тестиран.

Според информациите на Фокус, ова медицинско лице не било во странство и немало контакт со пациенти, најверојатно се заразил додека бил дома, бидејќи вработените на клиниката се поделени во два тима, кои се менуваат неделно или на две недели.

Исто така во изолација се пратени петнаесетина негови колеги кои ќе бидат тестирани.

Официјални информации се очекуваат од Министерството за здравство.