Преку прозор ни рекоа да дојдеме само кога ќе има позитивен тест на корона, тврди зетот на починатата од Струга

ИЗВОРНов лист
|

Не можеше да дише, но преку прозор ни рекоа да дојдеме само кога ќе има позитивен тест на корона, тврди Али Теља за ТВ Телма кој е зет на починатата жена од Струга.

66 годишната Немљуне Ибраими во четвртокот била однесена во болницара во Охрид со приоритетен упат од нејзиниот матичен лекар.

Но според нејзиниот зет, таму им рекле дека ќе ја примат само кога ќе ги видат резултатите од позитивниот тест.

Тие пак резултати не добиле, а само усно денеска им било соопштено дека починатата и нејзиниот сопруг се позитивни на тестот, додека зетот и ќерката негативни.

Денеска таа е погребана, а сега нејзиното семејство одново ќе биде во 14 дневен карантин.

Тие две недели биле во самоизолација откако беше утврдено дека докторот од Дебар, Кокале е позитивен на вирусот.

Кога претходно биле на гости кај него во Дебар, тој не бил се уште тестиран па не знаеле дека може да се заразат.