Функционерите за април и мај ќе земат минимална плата, Спасовски го презентираше вториот сет економски мерки

|

Сите избрани и именувани функционери за месец април и мај ќе земат минимална плата од 14.500 денари, кажа денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски презентирајќи го вториот сет економски мерки поради коронавирусот.

Тоа значи дека премиерот, претседателот, министрите, директорите, градоначалниците два месеци ќе земаат минимална плата, а сите именувани членови на управни и надзорни одбори, како и на Советите на општините два месеци нема да земаат никаков надоместок.

„Оние фирми кои ќе аплицираат да добијат субвенција за минимална плата за вработените не смеат да отпуштат вработени, да не исплаќаат дивиденди, бонуси и награди, и да имаат 30 проценти намалување на прометот во споредба со лани. Помош на спортиските. Со минимална плата ќе се субвенцираат и сите спортски рботници во спортски здруженија минимлана, уметниицте, а граѓаните кои останале без работа ќе добиваат 50 отсто од платата во зависност, а периодот ќе зависи од стажот“, рече Спасовски.

Месечен надоместок од 7.000 денари ќе добиваат лицата од неформалната економија, а извршувањето ќе биде стопирано до крајот на јуни.

Спасовски кажа дека вториот пакет економски мерки за справување со кризата е донесен во широка консултација со членовите на еконосмкиот совет формиран за оваа цел,со стопанските комори и врвни економски познавање и угладни стопанственици.