Дваесетгодишната Џулија Баскаглија од Америка е позитивна на коронавирус, иако во нејзиниот случај се манифестирале симптоми кои претходно не биле поврзани со инфекцијата Ковид-19.
Младата девојка, која престојувала во Италија кога се разболела, одлучила да ја сподели својата приказна на Твитер, бидејќи, како што вели, „други лица имале сосема поинакво искуство од нејзиното.“
„Ви го зборувам ова бидејќи главните симптоми за кои сите зборуваат не се сите симптоми. И не мора да ги имате сите симптоми за да сте позитивни на коронавирусот“, напишала Џулија.
Главните симптоми на болеста обично се појавуваат од вториот до четиринаесеттиот ден по инфицирањето со коронавирусот и можат да вклучат сува кашлица, температура и недостаток на здив, наведува Центарот за контрола и превенција на болести.
Џулија открила дека се разболела на 29 февруари, а не ни претпоставувала дека станува збор за коронавирус бидејќи немала кашлица ниту отежнато дишење. Единствен симптом кој бил ист како кај короната била треската.
„Се разбудив во агонија. Ме болеше главата, ушите ми ѕвонеа и чувствував као грлото да ми гори. Цело тело ме болеше, се тресев и имав температура 37,8 степени. Се напив лек против болки и останав во кревет цел ден“.
На 1 март кога се разбудила, се чувствувала подобро и одлучила да оди на лекар.
По прегледот доктрорката и рекла дека е само настинка, па Џулија си отишла дома за да се опорави. Тогаш почнала да го губи слухот на левото уво, и покрај тоа што немала кашлица. Следниот ден забележила дека и е ослабнат слухот и на двете уши. И се појавил шлајм во грлото, но мислела дека тоа се симптоми на силна настинка,
Бидејќи во Италија вирусот почнал сè повеќе да се шири, решила да се врати во Америка.
Состојбата и се влошила последниот ден во Италија.
„Уште не можев да слушам, а веќе го имав изгубено сетилото за вкус и за мирис, иако сè уште не кивав и не кашлав. Постојано имав главоболка. Следното утро решив да се вратам во Америка. На аеродромот никој не ме праша када бев. Дури ни на царина. Не ни трепнаа“, пишува Џулија.
Девојката останала дома од 5 до 13 март и имала контакт со само две лица. На 13 март била тестирана за Ковид-19.
„Кога стигна позитивен резултат на тестот се запрепастив. Како можев да сум позитивна? Не ги имав главните симптоми, лекарот ме пушти и на аеродром никој не се грижеше што доаѓам од земја со висок ризик“, искрено напиша Американката.
Сега Џулија, иако во моментов се чувствува „сосема здраво“, мора да остане во карантин сè додека тестот двапати не се покаже негативен.
Сè уште не знае како се заразила.