Лицата кои останале без работа да аплицираат за минимална помош

ИЗВОРНов лист
|

Сите граѓани кои останале без работа поради новонастатата ситуација во Македонија и кризата, да аплицираат за минимална помош, порачаа од Министерството за труд и социјална политика.

Висината на помошта ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи на членовите на домаќинството, сметано од последниот месец, а мерката ќе трае два месеца за април и мај.

За да биде финансискиот систем на земјата стабилен во кризни состојби како оваа, најпрво треба да повлечеме пари од надвор, да ги исцрпиме тие можности до крај и дури потоа да се свртиме кон дома. Ликвидноста сега е најбитна, да се овозможи државата да функционира нормално, рече вчервечер лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Во гостувањето на „Само интервју”, Заев напомена дека Буџетот е полн и неговата реализација е максимална. Економските мерки што ги предложи СДСМ се во координација со стопанството. Но, мора да се знае, како што истакна, колкав е реалниот капацитет за помош и во тие рамки да се делува. Притоа, сите треба да бидат солидарни и да понесат дел од товарот.

„Ова се правила кои треба да се следат. Ликвидноста е клучна, а вистинска државничка политика е да се мисли на се, на сите и до крајот на годината. Имаме здрав финансиски систем, координиран меѓу власта, народната банка, стопанството и комерцијалните банки. Суштината во вакви услови е да се обезбедат пари од надвор. Не земаме од домашните банки, туку од надвор. Повлекуваме колку што треба, обезбедуваме доволно за да ги задржиме основните функции на државата. Тоа носи девизна стабилност и не ги загрозува домашните потенцијали. Не треба да се чепка во вториот пензиски фонд, тоа се пари на граѓаните. Не ги земаме ниту благајничките записи. Ова е ликвидносната состојба што треба да ја чуваме. Првиот чекор е земање пари од надвор, потоа се вртите кон дома“, напомена Заев.

Тој е дециден дека во моментов се прави максимум и се она што вистински може да се стори и да се преземе.

Се осврна и на вториот пакет мерки кој, меѓу другото, предвидува секоја компанија да добие по 14.500 денари по работник за април и мај.

„Ова е време на криза, нема екстра приходи, плаќање кредити и извршители. Треба да го пребродиме периодов. Државата финансисра 70 отсто од вкупните давачки на компаниите за плата“, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев.