Регулаторна со ново намалување на цените на горивата

ИЗВОРНов лист
|

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 2,67 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени на 30 март.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 48 и 50 денари за еден литар.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 1 денар за литар и ќе изнесува 45 денари.

Намалување има и кај малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 1,50 денари/литар и ќе изнесува 33,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,921 ден/кг и ќе изнесува 17,970 ден/кг.