Ако не ни помогне Владата, може да ја повлечеме одлуката да се откажат молитвите во џамии, вели поглаварот на ИВЗ Реџепи

|

Поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Сулејман Реџепи ги предупреди вицепремиерот Бујар Османи и Владата дека ако ИВЗ не добие помош од државата, тие ќе го повлечат повикот за заштита од вир*сот, објави „Журнал“.

Во дебатна емисија, Реџепи кажа дека му испратил порака на Османи, како координатор на кризниот штаб, да и додели помош на ИВЗ, но досега, како што кажа тој, нема одговор.

„Ќе ги потсетам со уште едно барање, бидејќи ако не дај боже ние ја повлечеме нашата одлука, нема сила што ќе може да се бори со ситуацијатаво која се наоѓаме, ви гарантирам“, кажа Реџепи.

Реџепи вели дека државата досега не обезбедила никаква финансиска помош за религиозните заедници, иако, како што кажа тој, и тие се погодени од вир*сот.

Пред три недели, ИВЗ донесе одлука да не се одржуваат молитви во џамиите, а Реџепи ги повика верниците петочната молитва да се одржува дома.