Овој ви*ус го немаат само двајцата доктори и двете медицински сестри од тоа одделение, има сомнежи дека е заразен и начелникот, а во иднина инфективното одделение таму ќе функционира како едно.
Покрај Белград, Ваљево, Чуприја, Чачак и Крушевац, новото жариште е Лесковац, каде што за помалку од 17 денови откако бил забележан првиот случај, бројот на заразени пациенти пораснал на 62, од кои 30 здравствени работници, а во болницата ви*усот го внела неодговорна медицинска сестра, која што премолчела дека нејзиниот сопруг е позитивен.
Директорот на Општата болница во Лесковац, д-р Небојша Димитријевиќ, изјавил дека 35 од вработените во болницата се заразени, од кои 30 доктори, медицински сестри, техничари, додека пак останатите 5 се возачи, мајстори, хигиеничари.
„Инфекцијата дојде од една медицинска сестра која што премолча дека нејзиниот сопруг е позитивен и дека има симптоми. Станува збор за неодговорност. Ние имаме опрема, апсолутно сè што е неопходно за сузбивање на инфекцијата, но тоа не вреди кога имаме такво однесување на медицинските работници.
Кога правиме анкети со вработените, тие знаат да ги премолчат контактите и слични работи. Наводно не биле во никаков контакт со некој заболен, сè додека не се појават симптомите и потоа ‘ќе се сетат’ на тоа“ – вели д-р Димитријевиќ.