Во Македонија заразата била присутна уште во јануари, позитивен тест на жената во Велес

|

Случајот во Велес, кога на 6 април во стан во Велес биле пронајдени мајка и син, може да даде нови податоци за присуството на заразата во Македонија. Обдукцијата покажа дека во дел од дишното тело на 89-годишна жена била пронајдена заразата и дека таа не издржала некаде во јануари. Оваа информација попладнево ја потврди и Венко Филипче, министерот за здравство.

„Со оглед на тоа дека оваа година имавме навистина зголемен број на случаи на заболени од грип во споредба со минатата година, па овој случај може да значи дека заразата била присутена во Македонија уште во јануари“, изјави Филипче.

Полицијата на 6 април пронашла две тела на мајка и син во стан на улица „Ѓорѓи Војтех“ во Велес. Соседите алармирале бидејќи неколку месеци тие не ги виделе мајката и синот да излегуваат надвор. Тие велат дека мајката (89-годишна жена) била слепа, а нејзиниот 53-годишен син имал психички проблеми.