Нов необичен симптом на новата болест кој почнуваат да го пријавуваат заболени ширум светот

ИЗВОРСкопје24
|

Њујорк пост пишува за новиот симптом кого го пријавиле повеќе од половина од пациентите кои имале потешка клиничка слика за време на заболувањето.

Споредниот симптом за кој пациентите сè почесто пишуваат на социјалните мрежи е таканареченото зуење или шуштење во телото што претставува нов, мистериозен знак на ова заболување.

Докторите за Њујорк пост објасниле дека овој симптом веројатно е последица на фактот дека телото се бори против болеста.

Еден човек на Твитер симптомот на зуење го опишал како „чувство на електрицитет на кожата“.

Тарана Бурки, позната како основач на движењето #MeToo, објавила дека нејзиниот партнер го имал ова заболување и споменала дека имал чувство како кожата да му гори. Рекла дека поради тоа чувство користеле крема на база на алое, која инаку се користи за изгореници од сонце.

И инфлуенсерката Ариел Чарнаш објавила пост во кој пишува за „чувствителната кожа“ кога првпат почувствувала симптомите од болеста.

Докторите велат дека овој симптом не е многу чест, а го објаснуваат како дел од автоимуниот одговор кој влијае на нервниот систем на пациентот.