Движењата за христијанскиот празник Велигден ќе бидат исто рестриктивни, посочи денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Како што порача тој, се размислува за засилена забрана за движење од петок попладне, па се до вторник наутро.
Филипче додаде дека после наредниот викенд, ќе се дискутира дополнително за мерките во наредниот период.
Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната видео-сесија истакна и дека од голема помош ќе бидат податоците за мајката и синот кои пред неколку дена беа пронајдени во стан во Велес.
„Податоците за нив ќе ни бидат од големо значење, за да знаеме што ќе следи. Мислам дека е добра стратегијата што се тестираат само пациенти кои имаат симптоми. Верувам дека на почетокот или средината на мај ќе го вратиме животот во функција. После тоа, ќе се впуштиме во детекција на антителата“, рече Филипче.
Детално за случајот во Велес, кога на 6 април во стан биле пронајдени мајка и син, може да даде нови податоци за присуството на заразата во Македонија. Обдукцијата покажа дека во дел од дишното тело на 89-годишна жена била пронајдена заразата и дека таа не издржала некаде во јануари.
„Со оглед на тоа дека оваа година имавме навистина зголемен број на случаи на заболени од грип во споредба со минатата година, па овој случај може да значи дека заразата била присутена во Македонија уште во јануари“, изјави Филипче.
Полицијата на 6 април пронашла две тела на мајка и син во стан на улица „Ѓорѓи Војтех“ во Велес. Соседите алармирале бидејќи неколку месеци тие не ги виделе мајката и синот да излегуваат надвор. Тие велат дека мајката (89-годишна жена) била слепа, а нејзиниот 53-годишен син имал психички проблеми.