Османи: Можна е измена на полицискиот час, од 19 часот до 05 часот

|

„Централниот кризен штаб денеска дискутираше за измена на времетрањето на полицискиот час од 19:00 до 05:00 часот“, објави на својот Фејсбук профил вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

По појава на заразата во Македонија, првично полицискиот час почна да се применува од 21:00 до 05:00 часот, односно оваа одлука траеше неколку дена и потоа беше заменета со времетрање на полицискиот час од 16:00 до 05:00 часот.

Воедно од Владата на неколку наврати информираа дека олеснување на рестриктивните мерки ќе почне после 1 мај.

Утрово инаку во 05:00 часот заврши најдолгата 85-часовна забрана за движење на целата територија на државава, која почна во петокот од 16:00 часот.

Изминатите 85 часа полицијата привела повеќе лица кои не ја почитувале забраната за движење и за нив ќе бидат покренати соодветни прекршочни пријави.