Естрадниот магазин „Бекстејџ“ ја продолжува својата кампања „Бекстејџ седи дома“. Имено, секој работен ден на „Инстаграм“ во 20 часот се вклучуваат во Лајв од своите домови и разговараат со многубројни естрадни уметници.
По Антониа Гиговска и нејзното момче Иван, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Сара Јо сега на ред дојде и една од омилените српски пејачки Милица Тодоровиќ.
Милица времето во карантин и изолација го поминува во Крушевац заедно со своите родители. Таа од таму се вклучи во „Бекстјеџ“ и поразговара со фановите.
Taa откри како ги поминува Велигднеските празници и што прави дома, проговори за својата музичка кариера…
На прашањето во кој македонски пејач била заљубена како дете, Тодоровиќ одговори; „Во Тоше Проески“, а откри и дека немала прилика да го запознае македонскиот пејач.
„Уште еден Тоше нема да се роди“ изјави пејачката.
Тодоровиќ откри што мисли и за македонската публика.
„Македонската пбулика е многу весела и многу ја сакам. Тие секогаш се весели“ вели пејачката.
Целото интервју на Милица може да го погледнете на „Инстаграм профилот“ на Бекстејџ.