Министерството за финансии предлага „онлајн-обложувалници“ наместо вообичаените обложувалници низ земјава. Овој предлог денеска е и на дневен ред на Владата. Нашите извори во Владата велат дека со ова решение би дошло до затворање на објектите на обложувалниците, а државата очекува од „онлајн“ обложувањето да инкасира и до 50 милиони евра годишно.
За безбедноста на обложувањето и на плаќањата, имајќи предвид дека во многу случаи станува збор за офшор компании кои се во оваа дејност, нешите извори велат дека за тоа ќе има банкарски гаранции.
Исто така потсетуваме дека од почетокот на воведувањето на кризната ситуација Лотарија на Македонија лото улатата ја пресели онлајн. Од таму уште минатиот месец информираа дека одлична можност да ги одиграте вашите среќни броеви е преку ONLINE уплатата на www.loto.mk која ја олеснува и исплатата на добивките директно на вашата сметка.