Силен земјотрес со јачина од 6.5 степени по Рихтер го погоди грчкиот остров Крит денеска нешто пред 16 часот по локално време.
Земјотресот бил на длабочина од само 10 километри, а епицентарот е на 55 километри јужно од градот Иерапетра на Крит, а според локалните медиуми, освен што бил силен, траел долго, а бил почувствуван во повеќе градови во североисточниот и југоисточниот дел на островот, јави дописничката на од Атина. Исто така издадено е предупредување за цунами.
Десет минути подоцна, во близина бил регистриран уште еден земјотрес со јачина од 4.4 степени. Засега нема информации за материјални штети или повредени лица.