Тие што ги одјавија работниците може да ги вратат назад, но само под овие услови

ИЗВОРСкопје24
|

Ова првично беше објавено на Владина седница, а потоа и објавено во службен весник. А пред се важи за оние кои сакаат државна помош.

Сега работодавачите можат да ги пријават пак, но наназад да им ги подмири обврските од работниот однос.

Ако работникот не сака да се врати на работа Работодавачот може да прими друг кој е пријавен на завод.

Во службени Весник Број 113 1 мај 2020, петок година LXXVI е објавен овој член.

„Член 1-а

Работодавачот кој одјавил работник од задолжително социјално осигурување во периодот од 11 март 2020 година до 30 април 2020 година, може да склучи спогодба за враќање на работа. Со спогодбата од став 1 на овој член, работодавачот се обврзува да ги подмири сите обврски кои произлегуваат од работниот однос од денот на одјавата на работникот од задолжително социјално осигурување до денот на склучувањето на спогодбата.

Пријавувањето во системот на задолжително социјално осигурување на работникот од став 1 на овој член, во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија се врши најдоцна до 7 мај 2020 година.

Доколку работникот не ја потпише спогодбата од став 1 на овој член, работодавачот може на негово место да пријави ново лице од евиденцијата на невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и со истото да склучи договор за вработување и да го пријави во системот за задолжително социјално осигурување во Агенцијата за вработување на Република Северна Македoнија

Извор: Вработување.мк